Кога подготвуваме брокула, повеќето ги користат само „цвеќињата“ и стеблото го фрлаат во ѓубре. Ова е навистина штета, бидејќи стеблото е исто така за јадење, извор на добри диетални влакна и може да се користи на различни начини.
Ако користите стебло од брокула, ќе го намалите количеството отпад што го произведувате дома, а ќе заштедите и на буџетот за храна.
Како можете да користите стебло од брокула?
– Стебленцето можете да го користите заедно со други остатоци од зеленчук за да подготвите супа од зеленчук.
– Доколку планирате да го јадете стеблото од брокула, пожелно е да го излупите надворешниот дрвенест дел бидејќи не е пријатен за јадење. Ќе ви остане сладок корен, кој можете да го исечете на помали парчиња и да го додадете во разни супи и чорби.
– Излупеното стебло од брокула можете да го печете во рерна заедно со цветчињата брокула наросени со малку масло и зачини по желба.
– Стебленцето од брокула можете да го исецкате или изрендате на тенки ленти и да го искористите за да подготвите салата по примерот на американската coleslaw салата. Стеблото од брокула измешајте го со рендан морков и зелка и зачинете со мајонез во кој сте додале малку јаболков оцет, мед, сенф и зачини по желба.
– Можете исто така брзо да го закиселите излупеното стебло од брокула. Рецептот на корисникот yomamacancook за кисела зачинета стебла од брокула стана вирален на TikTok, предлагајќи да го излупите цврстиот надворешен дел од стеблото и тенко да го исечете остатокот. Посолете ги стебленцата за да го извадите вишокот вода од нив. По 10 минути исцедете ги и измешајте ги со две чешниња ситно исечен лук.
Добиениот зеленчук маринирајте го околу 15 минути во смеса направена од:
4 лажички чили во прав
4 лажички оцет
2 лажички масло од сусам
1 лажичка шеќер
1 лажичка сос од риба
1 лажичка тостиран сусам
И тоа е тоа! Погледнете како yomamacancook го подготвува овој рецепт во нејзиното видео на TikTok подолу.
@yomamacancook @stellanspice I’m obsessed with this!!! Thank you!! 😘❤️ #vegetarian #nowaste #zerowaste #broccoli #banchan