Поранешниот Victoria’s Secret Angel, Алесандра Амбросио е позната по своите елегантни тоалети кои ги оставаат сите без здив каде и да се појави. Сепак, подеднакво е добра и во опуштени изданија во кои фановите обожаваат да ја гледаат.
Овој пат таа се одлучи за златната средина, го спои неспоивото и ги воодушеви сите модни експерти и оние кои не се.
Имено, Алесандра денеска е фотографирана додека била на прошетка купувајќи тикви за претстојниот Halloween. Таа за оваа пригода облекла црно здолниште, ролка преку која носела таканаречена бомбер јакна. Она што навистина го „зачини“ овој стајлинг се црните чорапи до глужд и кожените мокасини.
На нозете им додаде доза на секси, а рамнотежата ја создаде јакната, а комбинацијата остава целосен впечаток.
Што се однесува до модните додатоци, Алесандра носеше црни очила и златни обетки кои одлично се вклопуваат во целокупниот стајлинг.