За релативно краток период овој избелувач може да ги разубави дури и жолтите заби.
Постојат голем број пасти за избелување на забите што содржат помала количина карбамид – пероксид, ситни абразивни честички што ги чистат забите механички. Но, зошто да купувате кога и вие самите можете да си направите природна паста за избелување на забите.
Постапка:
Измешајте малку сода бикарбона со паста за заби. Земете алуминумска фолија па превиткајте ја во лента со широчина и должина што одговара на вашите заби. Добиената паста нанесете ја на фолијата и ставете ја на забите. Фолијата со пастата држете ја на забите 1 час. За видлив ефект ставајте паста на забите два пати неделно.
За релативно краток временски период избелувачот може да ги разубави дури и жолтите заби, а ефектот на избелување би требало да се забележи во рок од неколку дена или недели, во зависност од тоа со кој метод ги избелувате.