Ќерката на Бијонсе понудила скоро 80.000 за обетки: Ова видео го обиколи светот со брзина на светлината

popara30 октомври, 20221min00
beyonce-830x0 (2)

Најстарата ќерка на музичкиот пар Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви, понуди речиси 80.000 евра за дијамантските обетки на Лорен Шварц, на хуманитарниот настан „Wearable Art Gala“ во Лос Анџелес.

На Твитер беше споделено видео од девојчето додека ја дава понудата, како и од бројните посетители кои беа изненадени кога ја видоа Блу Ајви како стана и им даде до знаење на сите дека сака да учествува.

Водителките беа изненадени од оваа сцена, а една од нив беше и Тина Ноулс, нејзината баба, која почна да се смее кога сфати за што се работи.

Сепак, Блу Ајви сепак не ги зема овие обетки, тоа го направи Моника Родригез, основачката која даде понуда од речиси 105.000 евра.

Ова не е прво учество на ќерката на пејачката на аукции. Во 2019 година, кога имала само шест години, таа понудила околу 19.000 евра за акрилна слика на младиот Сидни Поатје.