Кората од банана има бројни лековити својства. Изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси. Но, најчесто секогаш после јадењето банана, кората се фрла. Искуствата на лечење со кора од банана се бројни.
Кората од банана опфаќа околу 35% од целото зрело овошје и често повеќе се отфрла, отколку што се консумира. Всушност, лушпата од банана не само што е јадлива, туку е и богата со неколку клучни хранливи состојки како калиум, диететски влакна, незаситени масти и есенцијални аминокиселини.
Најчесто се користи како лек за лице и кожни проблеми. Се користи за природно избелување на забите, за нега на петите и стапалата, за проширени вени, а ја ублажува болката и чешањето после убод од некој инсект.
Кората од банана се користи како природно ѓубриво за поголем раст на цвеќињата, а некои ја користат и за гланцање на домашниот мебел. Нутриционистите тврдат дека кората од банани е делотворна и за намалување на вишокот килограми.
Бананите се најпопуларното тропско овошје во нашиот регион. Толку ги имаме удомено, што веќе не ги поврзуваме со топлите и егзотичните краеви. За да се одгледува ова овошје, потребно е да му обезбедите температура од 19 степени во текот на целата година.
Во овие услови, одледувањето на банани во стакларници е поволно. Но, исто така треба да се обрати внимание и на влажноста на воздухот. Бананите изобилуваат со многу минерали како: калиум, магнезиум, калциум, бакар, манган, железо, фосфор, цинк и селен.
Кога бананите ќе созреат, обезбедуваат и природни шеќери како глукоза, фруктоза и сахароза и многу малку масни киселини. Од витамините, најприсутни се витамин Ц, Б2, Б3, Б6 и фолната киселина.
Во една зрела банана се наоѓаат околу 110 калории, затоа не треба да се претерува со нејзино консумирање за време на диета. Во една банана се наоѓаат дури 3 г диететски влакна.
Познатата нутриционистка и диететичарка Сузи Барел препорачува да се консумира кора од банана за слабеење. Таа секое утро подготвува смути од органска кора од банани.
Рецепт за маска за лице
Оваа маска е вистински спас за оние со сува кожа, акни и митисери. Ги ублажува подочниците, флеките и старечките пеги од лицето. Со оваа маска се отстрануваат и најдлабоките брчки, а кожата ќе ви изгледа сјајна и мазна.
Одберете една свежа банана. Плодот изедете го, а внатрешниот дел на кората втријте го на лицето. Правете го ова се додека кората да потемни, тогаш е сигурно дека вашата кожа ги апсорбирала сите нутриенти од бананата.
Држете ја кората на лицето уште половина час, а потоа исплакнете со вода. Применувајте ја постапка трипати во неделата и на овој начин ќе ги отстраните и најдлабоките дамки и брчки од лицето.
Маска за лице со банана, куркума и сода бикарбона
Со супена лажица истружете ја кората од банана од внатрешна страна, а потоа ставете ја во сад и додајте пола лажичка сода бикарбона и пола лажичка куркума. Маската нанесете ја на лицето и оставете да делува 10 минути. Потоа исплакнете го лицето. Оваа маска ги отстранува флеките и старечките пеги.
Кора од банани за кожни проблеми
Со внатрешната страна од кората ставете ја директно на проблематичното место на кожата и фиксирајте со завој или фластер. Оставете да делува преку цела ноќ. Практикувајте го методот секоја вечер додека проблемот на кожата да исчезне.