Недостатокот на витамин Ц може значително да го наруши квалитетот на вашиот живот, а сосема е незабележливо и можеби нема да знаете во што е проблемот.
Симптомите кои се појавуваат обично многумина погрешно ги толкуваат, но доколку ги почувствувате овие знаци, задолжително зголемете го внесот на зеленчук и овошје богати со оваа хранлива материја.
Според статистичките податоци, околу 7 отсто од жените и 10 отсто од мажите често или постојано имаат недостаток на витамин Ц. Затоа, доколку ви недостасува „нешто“ оваа есен, проверете дали ги имате овие симптоми…
Шест знаци дека ви треба итно витамин Ц:
Хроничен замор
Постојаната слабост и апатија може да бидат резултат на недостаток на витамин Ц. Сепак, консултирајте се со лекар за да направите тест на крвта и да ја утврдите причината за оваа состојба.
Крварење на непцата
Студијата покажа дека луѓето со ниско ниво на витамин Ц се изложени на многу поголем ризик да развијат крварење на непцата. Решението е да ја зголемите исхраната со храна богата со витамин Ц и да посетите стоматолог.
Модринки
Да, овој витамин промовира згрутчување на крвта и ги зајакнува ткивата, но што се случува кога е во дефицит? Се појавуваат модринки од најмал допир. Потребни се неколку недели за телото да апсорбира доволно витамин Ц од храната или додатоците.
Раните бавно зараснуваат
Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина од пациентите на кои им биле дадени високи дози на витамин Ц по операција закрепнале побрзо од оние кои не земале суплементи.
Болки во зглобовите
Ова е еден од најчестите знаци на недостаток на витамин Ц. Најчесто ги погодува колената и колковите. Ова се должи на недостаток на колаген, кој помага во производството на витамин Ц.
Проблеми со кожата
Со недостаток на витамин Ц, може да се појават видливи промени на кожата, како што се модринки каде што ги нема, дамки на кожата, сувост и пукнатини во аглите на устата. Без витамин Ц, телото произведува помалку колаген, па брчките се појавуваат повеќе! Додадете киви, портокали и пиперки во вашата исхрана, ќе успее!