Вистини и најголеми заблуди за калориите: Колку НАВИСТИНА се согоруваат со тренинг, а кои се ПРАЗНИ?

popara31 октомври, 20221min00
Dijeta-2048x1365

Не е најважно постојано да броите калории, треба да се погрижите за уште неколку важни работи

Многу луѓе, кои строго ја следат својата исхрана, често го прават тоа со броење на калории и ограничување на внесот.

Сепак, иако можеби мислите дека знаете сè за калориите, нутриционистката Марија Ѓурковиќ открива дека има некои работи за кои веројатно не сте слушнале:

– Калориите не се нешто непознато, но сепак има многу необични и често погрешни тврдења врзани за нив. Овој пат нема да ги броиме, но ќе споделам со вас неколку интересни факти за калориите кои треба да ги знаете – вели таа и додава:

  1. Помал процент на масти во некој производ не мора да значи и помалку калории. Адитивите кои се додаваат за да се подобри вкусот често се многу калорични.
  2. Сите калории што ги внесувате не можете да ги потрошите со тренинг. Калориите се трошат и на некои важни процеси во работата на нашето тело, таканаречениот базален метаболизам, додека со физичка активност се согоруваат само 10 до 30 проценти.
  3. Калориите се трошат и на некои необични начини – миење заби, бакнување, ракување, истегнување, куцање на телефон, дишење…
  4. Има калории кои ги нарекуваме празни. Овие калории ни обезбедуваат многу мала или никаква хранлива вредност. Во превод, тие не му даваат ништо корисно на нашето тело.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma