Влијателниот американски музичар Иги Поп го објави синглот „Frenzy“ со кој го најавува новиот, се уште ненасловен албум, како прв уметник на новоотворената издавачка куќа Gold Tut Records, предводена од продуцентот Ендрју Ват.
„Јас сум момче без кошула што свири рок. Ендрју и Голд Тут го добија тоа и заедно направивме плоча на старомоден начин. Музичарите се момци кои ги познавам од мали нозе и музиката ќе ви го зашемети умот. Ви посакувам убав ден“, рече тој.
Албумот што доаѓа после „Free“ на Поп од 2019 година го продуцира Вот, кој истакна дека пејачот е „икона, вистински оригинал“.
„Сè уште не можам да верувам дека ми дозволи да направам албум со него. Почестен сум. Не може да биде покул. Албумот е направен за да се пушта гласно на вашето стерео колку што може.“ рече Вот.