
СОСТОЈКИ:
- 400 гр ситно сирење
- 1 квасец
- 1 кг брашно
- 250 гр маргарин
- 100 мл вода
- 1 лажичка сол
- 1 јајце
Подготовка:
Ставете го квасецот да нарасне и измешајте го во брашното. Додадете ситно сирење, вода, маргарин, сол. Месете го тестото и оставете го да нарасне 30 минути. Потоа расукајте го што потенко и завиткајте го во ролат. Оставете уште 15 минути да одмори. Потоа тој ролат расукајте го на дебелина од 1 сантиметар и со калап извадете топчиња. Наредете ги во тавче и премачкајте ги со изматено јајце. Печете 30 минути на 200 степени.