Астролозите истакнуваат дека ноември ќе биде поволен месец во кој ни доаѓаат многу можности да го оствариме тоа што го сакаме.
Важно е да се ослободиме од она што нè држи заглавени во минатото и од луѓето кои не ни носат ништо добро. Меркур ќе биде силен до средината на месецот, а Венера слаба, но во вториот дел од ноември, улогите ќе бидат заменети.
Овој месец носи среќа за три знаци.
Бик
Вашиот знак и Марс се оддалечени и тие тешко комуницираат, но тоа носи среќа за Биковите, особено додека Венера не премине во Стрелец на 16 ноември. Ова е период на важни одлуки, но и на позитивно расположение и мисли. Ќе успеете да бидете мотивирани, да го поправите своето расположение и да се будите со позитивни мисли. Марс вам нема да ви донесе збунетост како на другите знаци. Освен тоа, ќе имате можност да ги покажете своите способности на работното место и да покажете дека сте родени лидери.
Рак
Раковите се среќен знак во ноември, бидејќи Марс нема воопшто да влијае на нив. Ќе бидете прилично активни на оние полиња каде тоа ви одговара, но ќе најдете и време за одмор. Ова е ваше време кога ќе бидете и во центарот на сите збиднувања. Ова ќе ви овозможи да постигнете успех на сите полиња.
Риби
Рибите ќе имаат многу среќа во текот на целиот месец, но во првата половина можно е да изгубат некои битки. За да останете на патот кон успехот, ќе морате да останете доследни на себеси и да ја следите својата интуиција. Тоа ќе ви донесе нова енергија, но и сила и мотивација. Не ги менувајте своите приоритети и планови, останете свои. Тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за себе во претпоследниот месец од годината.