Внимавајте на дозата
Гавезот е една од билките за која многу се дебатирало, но никој не може да ја оспори нејзината ефикасност.
Во некои земји е забранета за консумирање, но дозволена е за надворешна употреба, односно како мелем, лек за рани и коски, што е неговата најсилна „страна“.
Гавезот содржи алантоин, кој го поддржува создавањето на нови клетки, па затоа се користи и за: секакви повреди, испукана кожа, исекотини, кога е невозможно да се запре крварењето. При лечење на костобол и гихт, гавезот се става како облога на болните места. Денес, можно е да се купат разни тинктури и масти од гавез преку Интернет, како и во многу аптеки.
Екстрактите од листовите на гавез имаат корисен ефект врз болните зглобови, ја намалуваат болката и последиците од повредите. Го користат дури и луѓе кои поминуваат многу време на компјутер и имаат болки во грбот. Мастите и тинктурите од гавез помагаат и во закрепнувањето на истегнатите зглобови, ги намалуваат отокот и болката, па се добри и за болки во мускулите и спортски повреди.
Листовите од гавез содржат алантонин, кој помага за побрза регенерација на кожата, бидејќи го поддржува растот на нови клетки. Затоа мастите од листови од гавез се добри за проблеми со модринки, исекотини и рани.
Не берете и не користете го гавезот самостојно, а мора да внимавате и на дозата. Најдобро е да се купат докажани производи. Имено, листовите од гавез содржат и соединенија кои се многу токсични за нашиот црн дроб. Затоа во 2001 година од многу маркети биле отстранети листовите од гавез. Дозволена е надворешна употреба, но не се препорачува сами да се лекувате. Производите на пазарот може да содржат од 5 до 20 проценти гавез. Се советува да не се користат тинктури и масти повеќе од 10 последователни дена или 4 до 6 недели годишно. Исто така, добро е да се знае дека сите препарати од гавез не смеат да се чуваат во железни или лимени садови.