Шерон Стоун има ТУМОР: Актерката по МОЗОЧНИОТ УДАР го загрижи цел свет со нова објава

popara2 ноември, 20221min00
Šeron-Stoun

Целиот свет се загрижи за здравјето на познатата актерка, се нижеа коментари за поддршка и желби за брзо закрепнување

Актерката Шерон Стоун на својот Твитер профил објави дека има тумор и дека се соочила со уште една погрешна дијагноза и операција.

– Само имав уште една погрешна дијагноза и погрешна операција. Двојна епидурална овој пат. Како што болката се влошуваше, отидов на второ мислење. Имам голем фиброиден тумор кој мора да се отстрани – напиша таа и додаде:

– Особено за дамите: не се преправајте дека не е важно, побарајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот. Ќе ми требаат четири до шест недели за целосно опоравување. Ви благодарам на сите за грижата. Се е добро.

Целиот свет се загрижи за здравјето на познатата актерка, се нижеа коментари на поддршка и желби за брзо закрепнување.

Инаку, фиброидните тумори се цврсти тумори направени од фиброзно ткиво и најчесто се појавуваат како повеќе туморски маси кои растат бавно и не предизвикуваат симптоми.

Фиброидите се различни по големина, од толку мали што можат да се видат само под микроскоп до доволно големи за да ја зафатат целата абдоминална област.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag