Познатата пејачка Џенифер Лопез крена вистинска бура со својата најнова фотографија на Инстаграм, и ја заскокотка фантазијата на своите следбеници.
Џенифер Лопез неодамна објави фотографија на Инстаграм, предизвикувајќи лавина од коментари. Во чипкан градник, сатенски црни пижами и со средена коса, 53-годишната дива замислено гледаше низ прозорецот на својата вила.
„Размислував… убава сесија на пишување за денес“, напиша таа во описот на своите фотографии, а потоа го означи италијанскиот бренд кој е специјализиран за производство на женска долна облека.
Секако, нејзините многубројни следбеници „побрзаа“ со коментари, а комплименти за нејзиниот изглед само се нижеа.
„Совршенство“, „Не сум видел некој толку убав во животот“, „Те сакам“, беа само дел од коментарите.