Пресладок нов член пристигна во домот на Бибер
Семејството на Џастин и Хејли Бибер се проширува, во нивниот дом сега пристигна нов симпатичен член.
Манекенката (25) откри дека таа и нејзиниот сопруг Џастин (28) се горди сопственици на уште едно кученце, кое го нарекле Пиги Лу.
Пиги пристигна во семејството, во кое веќе зазема место јоркширскиот териер Оскар, судејќи според нивните постови.
„Ова е помладата сестра на Оскар“, објави Хејли на социјалните мрежи со сликата. За да бидат сите во тон, кученцето беше маскирано за Ноќта на вештерките – во прасечки костим. На фотографиите се гледа и Хејли маскирана во вампирка, како и Џастин кој го гушка своето ново крзнено милениче.
„Мислам дека е идеално во следните неколку години да се обидеме“, рече таа во едно интервју. „Но, има причина зошто се вели – да се обидеме, нели? Никогаш не знаете колку долго ќе трае тој процес. Дефинитивно ништо од деца оваа година, мислам дека тоа би било малку хаотично“, додаде таа.
Хејли неодамна го лансираше својот козметички бренд „Rhode“, кој стартуваше многу успешно. За балансирањето на приватниот и деловниот живот таа го кажа следново: „Кога ќе се омажиш се случува една работа. Сите веднаш прават претпоставки: Прво доаѓа љубовта, па бракот, па бебето. Па, што е со сите работи што сакам да ги постигнам со мојот бизнис?“, заклучува младата претприемничка.