Ве нервира темната кожа под пазувите? Можете да ja осветлите за само 10 минути

popara4 ноември, 20221min00
39763_shutterstock-1534815599_f

Темната кожа на пазувите не е очигледен проблем, но самиот факт дека е таму може да биде иритирачки

За среќа, има многу што можете да направите за да ја осветлите вашата кожа и повторно да се чувствувате добро.

Зошто кожата под пазувите потемнува?

Може да има многу причини за затемнување на кожата на пазувите. Најчест проблем е употребата на козметика која содржи алкохол и други материи кои можат да го иритираат епидермисот. Промената на бојата е исто така резултат на акумулација на мртва кожа од тесна облека што ги трие пазувите. Други причини за појава на темни дамки се кожни болести, воспаленија, темна кератоза, како и влијанието на хормоналните пореметувања (синдром на полицистични јајници, хипотироидизам) и дијабетес.

Како да ја осветлите кожата на пазувите?

Пред сè, треба да ја пронајдете причината за проблемот. Доколку постои сомнеж за болест, неопходно е да се открие и да се лекува со соодветен третман.

Прво, погледнете ја козметиката што ја користите на кожата на пазувите. Можеби антиперспирантот или дезодорансот кој го користите не е добар за неа. За да бидете сигурни, сменете го производот и проверете дали состојбата на кожата се подобрува. Обидете се да го намалите секојдневното бричење, кое ја иритира вашата кожа, со користење на други методи, како што е депилацијата. Користете пилинг. Ако вашата кожа добро реагира на тоа, користете го редовно. Покрај тоа, ви претставувае еден домашен трик кој може да го подобри изгледот на затемнетата кожа.

Сок од лимон

Лимонот е познат по своите избелувачки својства. Сокот можете да го втриете во кожата и да го истриете со парче овошје. Оставете го сокот да делува 10 минути, а потоа исплакнете го и нанесете хидратантна крема на вашата кожа. Пазувите не смеат да се иритираат бидејќи тоа ќе предизвика болка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma