Шакира го навлече гневот на корисниците на социјалните мрежи поради наводното туркање низ редот за да разгледа атракција за Ноќта на вештерките. Имено, на Твитер почна да кружи видео на кое се гледа како Шакира, нејзините синови Милан и Саша и двајца чувари влегуваат во кулата на теророт во Барселона, а очевидците тврдат дека заобиколиле огромен број посетители.
Shakira infuriates fans after skipping line at Halloween attraction
Read here: https://t.co/UHVwjkXGTE#Shakira pic.twitter.com/iuZvrjcUL2
— WatchinNZ (@WatchinNZ) November 1, 2022
„Ова е видео за сите што се заинтересирани. Тие доаѓаат и си одат, а луѓето чекаа во ред час и половина“, напиша твитерџија на споменатото видео.
Посетителите на атракцијата ги споделија своите искуства со шпанските медиуми, истакнувајќи дека се многу вознемирени. Велат дека најмногу ги згрозил односот на познатата колумбиска пејачка.
“Почнаа да ги раздвојуваат луѓето и се појави Шакира со нејзините деца и двајца агенти од обезбедувањето кои тајно влегоа внатре. Иако толпата викаше, Шакира не се вознемири. Организаторите им рекоа дека пуштат кој сакаат”, изјави очевидец за Socialité.
Инаку, Шакира во последните денови покрај тоа што го поминува времето со децата, му се посвети и на својот болен татко Вилијам Мебарак, чија здравствена состојба се влоши откако во мај беше повреден во нивниот дом. Вилијам моментално се опоравува во болница, а Шакира на социјалните мрежи сподели емотивно видео во кое му помага на својот татко со физикална терапија.