Фановите не се задоволни…
Снимањето на долгометражниот филм за грчкиот херој Херкулес се работи веќе две години, а деновиве пристигнуваат детали кои прилично ги збунија фановите. Филмаџиите Џо и Ентони Русо ги открија плановите да направат мјузикл за Херкулес кој ќе биде „поекспериментален“ и – инспириран од „TikTok“.
Со класични песни на Дизни како „Go The Distance“ и „I Won’t Say I’m In Love“, анимираниот „Hercules“ од 1997 година беше режиран од режисерите на „The Little Mermaid“ Џон Маскер и Рон Клементс. Филмаџиите ја зедоа митологијата за грчкиот полубог и ја пренаменија во пријатна музичка приказна за замките на славните личности, справувањето со ѓаволот и наоѓањето на вашето место под сонцето.
Како што пишува „Variety“, играната верзија на „Херкулес“ ќе ја режира Гај Ричи, кој го режираше успешниот римејк на „Аладин“ од 2019 година.
– Гај е совршен за тоа бидејќи има склоност кон експериментирање – рече Џо Русо.
– „Херкулес“ ќе биде малку поекспериментален по тон, малку поекспериментален во изведувањето – додаде тој.
Русо го посочи ТикТок како извор на инспирација.
– Има прашања за тоа како го преведувате во мјузикл. Денешната публика ја обучи „TikTok“, нели? Какви се нивните очекувања за тоа како треба да изгледа тој мјузикл? Може да биде многу забавно и да ни помогне малку да ги поместиме границите во начинот на кој се изведува модерен мјузикл.
Додека браќата Русо се залагаат за експериментирање, обожавателите на саканиот анимиран „Херкулес“ од 1997 година изразија загриженост за новиот правец на интернет, шегувајќи се за „TikTok“-верзијата на познатиот анимиран филм.