Ова е најздравата УЖИНА на светот: Може да спречи мозочен удар, го намалува ПРИТИСОКОТ како од шега и го поништува внесот на сол

popara4 ноември, 20221min00
banani1

Лекарите тврдат дека оние кои редовно јадат банани имаат помали шанси да доживеат мозочен удар

Експертите откриле дека возрасните кои редовно јаделе храна богата со калиум имале 13 отсто помали шанси да доживеат кардиоваскуларни проблеми.

Популарната ужина „го намалува ризикот од срцев удар, мозочен удар и го намалува крвниот притисок“. Кардиоваскуларните проблеми вклучуваат потенцијално фатални епизоди како што се срцев и мозочен удар.

Научниците тврдат дека храната богата со калиум, како што се авокадото, лососот и бананите, помага во намалување на крвниот притисок и ги намалува ефектите од консумирањето премногу сол.

Тие, исто така, откриле дека жените имаат поголеми здравствени придобивки како резултат на тоа отколку мажите. Водечкиот истражувач, професорот Лиферт Фогт, од Медицинските центри на Универзитетот во Амстердам, Холандија, рече: „Резултатите сугерираат дека калиумот помага во одржувањето на здравјето на срцето, но дека жените имаат повеќе корист од мажите.

„Добро е познато дека големата потрожувачка на сол е поврзана со висок крвен притисок и зголемен ризик од срцев и мозочен удар. Здравствените совети се фокусираат на ограничување на внесот на сол, но тоа е тешко да се постигне кога нашата исхрана вклучува преработена храна. Калиумот му помага на телото да излачува повеќе натриум во урината. Во нашата студија, диететскиот калиум беше поврзан со најголемите здравствени придобивки кај жените. Студијата, во која учествуваа речиси 25.000 постари Британци, беше објавена во списанието „European Heart Journal“.“

Истражувачите ги прашале за нивната исхрана, им го измериле крвниот притисок и земале примероци од урина за да видат колку калиум внесуваат. Учесниците потоа биле следени во следните 20 години. Жените кои имале најголем внес на калиум имале 11 отсто помали шанси да имаат проблеми со срцето отколку оние кои јаделе најмалку. А кај мажите забележале пад од девет проценти. Севкупно, ризикот за сите возрасни се намалил за околу 13 проценти ако јаделе многу храна богата со калиум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag