До сличен заклучок дошле и научници од дури два универзитети
Се чини дека вашата навика да го завршите денот со чаша црвено вино има повеќе придобивки отколку што мислевте.
Научниците од канадскиот универзитет во Алберта спровеле истражување кое покажало дека една чаша црвено вино може дури и да го замени вежбањето.
Имено, ресвератролот, кој го содржи црвеното вино, позитивно влијае на човечкото тело, особено на зајакнување на кондицијата.
Ресвератролот го активира заштитниот механизам на клетките, ја подобрува работата на срцето и ги зајакнува мускулите. Ако сè уште не сте забележале, ова се истите придобивки што ги добивате од вежбањето.
Според тоа, канадските научници откриле дека една чаша црвено вино може да го замени краткото вежбање.
Што се однесува до слабеењето, научниците од Државниот универзитет во Вашингтон докажале дека ова соединение може дури и да ни помогне да изгубиме тежина.
Имено, ресвератролот помага побрзо да се разградат масните клетки. Освен тоа, една чаша црвено вино непосредно пред спиење го намалува апетитот, па нема да имате потреба од „полноќна ужина“.
Сепак, не ја земајте оваа вест како изговор секоја вечер удобно да седите во фотелја, да пиете вино и да не се движите.
Редовните тренинзи, најмалку три пати неделно по половина час, многу добро ќе влијаат на вашето ментално и физичко здравје. Тоа ќе ви помогне да останете фит, да изгубите тежина и да останете здрави.