Кога станува збор за врските, има луѓе кои ја слушаат нивната интуиција. Обично изјавуваат дека имале необично чувство во стомакот што ги спречило да се вклучат во врска. Слично на тоа, има и такви кои едноставно го игнорираат своето чувство на стомакот, мислејќи дека прават претпоставки кои не се вистинити.
Не е фер некој да биде со некој што му го одзема мирот; врската е прашање на разбирање и взаемна заштита. Ако еден од вас (или двајцата) почне да чувствува дека љубовта му слабее, лесно може да се претвори од прекрасно чувство во мачење. Затоа е важно да ги препознаете работите кои ве повредуваат (иако понекогаш не сте свесни за тоа) и да ставите крај на тоа.
Заедно сте за да не се чувствувате сами
Дали некогаш сте се нашле во ситуација да сте со некого толку долго, па да се плашите дека нема да можете да функционирате без него. Ако тоа е единствената причина поради која се уште сте во врска, прекинете ја. Сè додека не научите да се сакате себеси, велат психолозите, нема да можете целосно да сакате никој друг.
Вашиот партнер е вашиот најлош критичар
Кога влегувате во врска, партнерот треба да ви биде пријател кој ќе ве поддржува во секоја тешка ситуација во која ќе се најдете. Ако наместо тоа тој злонамерно ве критикува и нема никакво разбирање, очигледно нешто не е во ред.
Немате слична смисла за хумор
Светот може многу брзо да стане тажно место ако покрај себе имате партнер со кој не можете да се смеете. Ова, се разбира, не значи дека се тркалате на подот по секоја изговорена реченица, но не е здраво да се биде со некој кој е постојано намуртен и кој речиси ништо не може да му донесе насмевка на лицето.
Се заљубивте во фантазија
Можеби сте ја идеализирале оваа личност уште пред почетокот на врската. Го замисливте како добар, внимателен и како некој што би направил се за вас. Но, кога всушност ја започнавте врската, брзо сфативте дека е со милји далеку од фантазијата. Но, вие не сакате да го признаете тоа. Ваквото „слепило“ само ќе доведе до подлабока повреда, па можеби е време да ги отворите очите и да се запрашате дали вашата врска е навистина онаква каква што сте ја замислиле.
Постпаките не се совпаѓаат со зборовите
Иако ви кажува дека ве сака, неговите постапки не го покажуваат тоа. Најлесно е да се изговорат тие два збора, но ако тоа не доаѓа со внимание, нежност, почит и разбирање, „те сакам“ не ви значи многу. Дури и кога ќе го прашате „дали се е во ред“, тој вели „да“, не сакајќи да навлегува во никакви расправии.
Имате далечни и различни лични цели
Вие би сакале дете, но тој не сака. Тој би сакал да се пресели во друга земја во потрага по подобра кариера, но вие не сте подготвени за тоа. Примери има многу. Многумина можат многу лесно да се решат со компромис, но кога вашите цели и желби се сосема различни, единственото нешто што ќе си дозволите еден на друг е за жал болка.
Се чувствувате несигурно покрај него
Наместо покрај него да се чувствувате задоволно и полни со самодоверба, вие сте анксиозни и несигурни секогаш кога треба да му ја соопштите вашата одлука или едноставно сакате да ги изразите своите ставови и мислења. Од страв што ќе мисли или каже за вас, претпочитате да ги премолчите овие работи. И каде е среќата во ова?