Нутриционистка откри зошто никогаш не треба да пиеме кафе на празен стомак

popara5 ноември, 20221min00
shutterstock1751913062-830x0

Најважно е да изедете нешто, макар и мал оброк, пред утринското кафе

За многу луѓе омилен утрински ритуал, штом ќе се разбудат, е пиење шолја топло кафе.

Сепак, британскиот „The Sun“ го пренесува предупредувањето на нутриционистка која вели дека оваа навика може да го наруши балансот на хормоните во нашето тело.

Нутриционистката Оливија Хедлунд вели дека пиењето кафе на празен стомак може да го стави телото во состојба на висок стрес.

– Не си играјте со вашите хормони. Кафето не е само киселина која може да биде тешка за нашиот организам наутро. Тоа може да предизвика нашето тело да реагира на стрес – да произведува кортизол и да не стави во состојба на „бори се или бегај“ (акутен одговор на стрес). Еве зошто некои луѓе се чувствуваат нервозно кога наутро ќе испијат кафе на празен стомак – таа објасни и додаде:

– Иако некои луѓе се чувствуваат како да можат да го освојат светот по шолја кафе, оваа навика не е добра за вашето тело, особено ако сте жена.

Оливија додава дека и самата испила неколку шолји кафе на празен стомак и дека во тоа време имала многу хормонални акни.

– Причината беше затоа што телото ми беше под стрес – вели таа.

Најважно е да јадете, макар и мал оброк, пред утринското кафе. Како што тврди таа, ако се борите со хормонална нерамнотежа или ако имате проблем со цревата веднаш ќе забележите разлика.

Претходна студија открила како кафето различно влијае на мажите и на жените.

Норвешка студија покажала дека одредени видови кафе може да бидат полоши за нашето срце, а ризикот е различен за мажите и жените.

Студијата покажала дека пиењето кафе на база на еспресо доведува до зголемување на холестеролот кај мажите, а кај жените зголемувањето на холестеролот е дури двојно поголемо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag