Ако сте се ослободиле од остатокот од маслото истурајќи го во одводот или фрлајќи го во дворот, сте згрешиле. Значи нема потреба да го фрлате, можете да го користите на поинаков начин
Можете повторно да го користите маслото за готвење
Сè што треба да направите е да го оставите маслото да се излади, а потоа да го процедите низ марамче и да го истурите во херметички сад. За да бидете сигурни дека сите трошки исчезнале, можеби ќе треба да го процедите неколку пати, но штом ќе се исчисти, можете повторно да го користите маслото – до двапати.
Истурете го маслото во сад за еднократна употреба
Најлесен начин да се ослободите од маслото е да го оставите да се излади и потоа да го истурите во сад за еднократна употреба. Добро затворете и фрлете го маслото во ѓубре.
Додадете масло во компостот
Ако сте готвеле оброк од растително потекло, размислете да додадете масло во корпата за компсот. Внимавајте тоа да не го правите со маслото во кое се пржело месо. Ова ќе привлече несакани суштества како ракуни, творови и глодари.
Направете нетоксичен пестицид
Можете ефикасно да ги отстраните малите инсекти на листовите на вашите растенија со маслото што останува по подготовката на храната. Додадете малку вода и масло во шише со распрскувач и испрскајте ги листовите. Задолжително користете го маслото во кое сте подготвиле оброк од растително потекло.