Научниците го објаснуваат значењето на НАЈЧЕСТИТЕ кошмари: Погледнете што всушност ви кажуваат

popara6 ноември, 20221min00
1f1fee1daa9f0f9d7442426b1c5ff3d011b6bac8

Секој барем еднаш се запрепастил од лош сон

Кошмарите не треба да не оптоваруваат, бидејќи тоа само го потенцира нивното појавување, а додека мажите почесто сонуваат насилни соништа, жените ги измачува губењето на саканите во сон.

Бегање од чудовишта, чувство на парализираност, доцнење на важен состанок, смрт на саканата личност како и губење на косата и забите се најчестите кошмари кои ги вознемируваат мажите и жените. Причината за кошмарите не мора секогаш да биде страв, односно почесто се други емоции: меѓу другото, вина, тага, гадење или збунетост.

Со цел барем делумно да разјасни што се крие зад овие несвесни симболи, аналитичарката на соништа Лори Квин Ловенберг анализирала токму на што луѓето најчесто се жалат.

  1. Губење на забите

Овој сон е поврзан со проблеми во комуникацијата во реалниот живот. Постојат различни верзии на соништа со заби, но најчеста е онаа со нивно паѓање. Сè што има врска со устата во соништата е поврзано со разговор, а паѓањето на забите е показател дека неодамна сте кажале нешто што не требало или не сте смееле да го кажете.

  1. Погреб на некој близок

Смртта е за мозокот на сонувачот, симбол на промени и завршетоци. Ако сонувате за смрт, запрашајте се што се менува или завршува во вашиот живот. Оној што умира во сон обично претставува дел од вашата личност, некоја заедничка особина што ја имате. Погребот е добар знак – за пуштање и помирување за да можете да продолжите понатаму.

  1. Инцестуозни соништа

Соништата со љубовна тема во кои актерите се претвораат во некој од вашето семејство често не преплашуваат како кошмари, но сексот во соништата го нема истото значење како во реалноста. Во сон, тоа означува спојување, поврзаност и повеќе се однесува на психолошкото зближување што ви треба или ви недостасува. Исто така, тие можат да укажат на желбата да поседуваме некоја карактеристика на оној што се појавува во таквиот сон, бидејќи ние самите ја немаме.

  1. Сонови за губење

Местата и патеките по кои се губиме во нашите соништа симболизираат каде сме во нашите срца или мозоци. Таквиот сон е симбол на неодлучност во реалниот живот, неможност да се донесе одлука или да се придржуваме до неа.

  1. Соништа за паѓање

Ваквите соништа отсекогаш биле едни од најчестите кај сите луѓе и укажуваат на тоа дека има нешто во будниот живот што „ве влече надолу“. Овој сон е вообичаен кај оние кои страдаат од депресија, а може да биде и предупредувачки знак за психолошки тежок период за кој треба да се подготвите за да спречите пад.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma