Етеричните масла се одлични за кожата САМО ако се користат правилно: Еве кое е идеално за вас

popara6 ноември, 20221min00
smilje-etericno-ulje-2048x1365

Најдобро е да се консултирате со лекар пред употреба

Нема сомнение дека нанесувањето на етерични масла е добро за кожата и тие се справуваат со широк спектар на проблеми, од сувост до вишок на себум.

Меѓутоа, кога не се користат правилно, овие масла можат да бидат многу штетни.

Дерматолозите никогаш нема да ве советуваат да користите есенцијално масло самостојно на вашата кожа. Со ретки исклучоци, овие масла се многу силни. Најчесто се разредуваат во основно масло, како бадемово масло, или се користат производи направени на база на етерично масло, каде што маслото во препаратот е во дозволена количина.

Исто така, важно е да знаете кои масла се соодветни за вашиот тип на кожа, и за кои проблеми се наменети, бидејќи не сите имаат ист хемиски состав, па не ги решаваат истите проблеми.

Сепак, најбезбедно е да се консултирате со вашиот избран лекар, фармацевт или дерматолог пред употреба.

Маслото од чајно дрво е одличен препарат за проблеми со мрсна кожа и акни. Има антибактериско и антиинфламаторно дејство и активно се бори против причинителите на воспаленијата и брзо ги неутрализира.

Аргановото масло многу често се споменува како идеално за коса. Во тој контекст секако е корисно, но може благотворно да делува и на кожата. Ефикасно ги решава проблемите на сува кожа. Има висока содржина на антиоксидантни соединенија, па ја штити кожата од ултравиолетово зрачење и го забавува стареењето.

Маслото од маточина содржи моќни антиоксиданси и е ефикасно во борбата против стареењето. Ова масло го спречува појавувањето на фини линии и и дава на кожата природен сјај.

Маслото од шипка е одличен извор на витамин А. Го стимулира производството на колаген и видливо ја затегнува кожата, па е ефикасно и во борбата против стареењето.

Маслото од лаванда е нешто поблаго, па може да се нанесе на кожата во чиста форма. Има смирувачки својства и е одлично во борбата против иритации на кожата.

Маслото од јојоба содржи липидни соединенија, слични на природните липиди кои се наоѓаат во нашата кожа. Ова масло и дава мрсен сјај на кожата и го спречува нејзиното сушење.

Маслото од оригано е лесно достапно. Богато е со антиоксиданс карвакрол и моќниот антиинфламаторен тимол. Ова е идеален препарат во борбата против воспаленијата. Ја смирува кожата и го спречува нејзиното сушење.

Маслото од смил е исто така многу здраво. Одамна е познато неговото благотворно дејство на кожата, кое ја враќа нејзината еластичност. Во народната медицина се користи и за отстранување на модринки, или како препарат кој го чува здравјето на црниот дроб.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag