ЦРНА МАДОНА, ШТО ПРАВИШ?! Обожавателите згрозени од однесувањето на познатата пејачка, сите мислат дека таа целосно го изгубила умот: Жено, време е да се пензионираш (ФОТО)

popara6 ноември, 20221min00
676 (1)

Целосно полуде!

Американската поп ѕвезда Мадона не престанува да ги загрижува своите обожаватели. По низата критики дека претерала со естетските корекции, корисниците на социјалните мрежи го осудија однесувањето на пејачката на истите.

Имено, Мадона предизвика загриженост кај обожавателите поради видеото на Инстаграм каде со специфична гестикулација со отварање на устата изговара агресивни текстови на песни.

– Дали некогаш си добил тупаница во твоето еб*но лице? Што велиш, дека не си? Добро, чекај – рапуваше пејачката, заедно со зборовите од песната „Вент“ на Бејби Ким.

Фановите останаа згрозени од видеото, а еден критичар го изрази своето мислење во делот за коментари:

– Ова е едноставно ужасно! Што се случи со вистинската Мадона, онаа која всушност можеше да ја погледнеш и да кажеш леле, преубава си и талентирана – напиша тој, додека друг продолжи:

– Мадона на која некогаш и се восхитував беше онаа од „The Immaculate Collection“. Оваа жена целосно го изгубила разумот. Време е за пензија – се нижеа негативните коментари.

И како сето ова да не и беше доволно, Мадона потоа објави слично видео на Тик Ток. На песната „L$D“, на раперот Лукловер, таа танцуваше во градник и долна облека, покажувајќи ги своите атрибути.

Да се потсетиме, Мадона во текот на целата своја кариера ја поддржуваше LGBTQ+ заедницата, па поради ова многумина мислеа дека и таа е дел од неа, што поп ѕвездата неодамна го потврди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma