Д-р Јована Машиќ открива дека надуеноста можете да ја ублажите со правилно џвакање на храната, натопување на мешунките, како и користење на многу зачини и сода бикарбона
Постојат многу причини зошто може да сте надуени, но најраспространетата и најчеста причина е поврзана со неправилната исхрана и јадењето храна што навистина не ви одговара.
Со цел да ги ублажи симптомите на надуеност, д-р Јована Машиќ нуди четири совети, кои меѓу другото вклучуваат додавање на одредени намирници, поконкретно зачини и сода бикарбона во оброците:
- Добро џвакајте ја храната
- Натопете го гравот ноќта пред да го варите
- Додадете половина до цела лажичка сода бикарбона, во зависност од количината на храната што ја подготвувате
- Додадете многу зачини, како цимет, каранфилче, куркума, лук.