ТЕСТЕНИНИ СО ПИЛЕШКИ ЌОФТИЊА! Сочен ручек кој никого нема да остави рамнодушен! (РЕЦЕПТ)

popara7 ноември, 20221min00
Screenshot_2

Пилешките ќофтиња направени од филети, презла, јајца, пармезан и уште неколку состојки се всушност она што му дава посебен вкус на ова јадење.

 

 

Наместо само да зготвите тестенини и да ги послужите со вообичаениот сос, ви предлагаме да ги направите и овие пилешки ќофтиња, кои никого нема да остават рамнодушен.

 

СОСТОЈКИ:

  • 400 гр тестенини по избор
  • 500 мл сос од домати
  • 750 гр пилешко филе
  • шолја презла
  • половина чаша пармезан
  • две чешниња лук
  • маслиново масло
  • поголемо јајце
  • две лажици млеко
  • босилек, оригано
  • сол, бибер

 

 

ПОДГОТОВКА:

Сварете ги тестенините во посолена зовриена вода, според упатството на пакувањето. Пилешкото филе сомелете го, ставете го во сад, па додадете ги презлата, јајцето, пармезанот, издробениот лук, млекото, солта, биберот, ориганото и босилекот. Сè убаво измешајте, па од добиената смеса формирајте ќофтиња. Во тава загрејте го маслиновото масло и пропржете ги ќофтињата додека не поруменат од сите страни. Додадете го сосот од домати, динстајте пет минути и измешајте ги исцедените тестенини. Сè добро измешајте, па веднаш послужете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma