Селма Хаек (56) заедно со сопругот Франсо Анри присуствувала на „LACMA Art+Film“ гала настанот којшто се одржал во Лос Анџелес, а таа била облечена во фустан којшто само таа може да го износи.
Селма Хаек (56) заедно со сопругот Франсо Анри присуствувала на „LACMA Art+Film“ гала настанот којшто се одржал во Лос Анџелес, а таа била облечена во фустан којшто само таа може да го износи.
Имено, ѕвездата на филмовите „Desperado“ и „Frida“ се определила за „Gucci“ креација, тесен фустан којшто максимално ги истакнал сите нејзини атрибути.
Светкавиот, омбре зелено-розов фустан го нагласил нејзиното деколте до максимум, додека пак со дискретниот ремен си обезбедила струкот да ѝ биде исто така нагласен.
Како изгледаше може да погледнете ТУКА.
Да ве потсетиме, Селма неодамна гостувала во емисијата „Red Table Talk“ кај водителката Џејд Смит (49) и зборувала за менопаузата, но за зголемувањето на градите во таа прилика рекла:
„Многу од луѓето мислат дека сум ги зголемила градите и не ги обвинувам поради тоа што некогаш тие беа помали. А, помал беше и останатиот дел од моето тело“, изјавила Селма за некои од добрите страни од менопаузата.
„На некои од жените тогаш градите им се намалуваат, но постојат и жени кои се дебелеат, па така градите им се зголемуваат. И на жените кои дојат градите им се зголемуваат. Едноставно јас сум една од тие жени на која ѝ се зголемуваат градите во сите тие ситуации“, додала Селма.