Таа се сврши со својата девојка Рамона Агрум пред една недела по само седум месеци врска, а денес пристигна девојчето Ројс Лилијан…
Познатата комичарка Ребел Вилсон (42) на Инстаграм објави дека го добила своето прво дете, девојчето Ројс Лилијан, преку сурогат мајка. Таа се сврши со својата девојка Рамона Агрум пред една недела по само седум месеци врска, а сега веќе можеме да претпоставиме зошто актерката и нејзината партнерка избрзале.
– Покрај тоа што со гордост го објавувам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, кое на свет дојде минатата недела преку сурогат мајка, не можам да ја опишам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо! – напиша актерката со фотографија од своето новороденче.
Комичарката рече дека е „засекогаш благодарна“ на сите кои учествувале во нејзиното патување до мајчинството и додаде дека „сурогат мајката која ја носела и ја родила тоа го направила со голема милост и грижа“.
– Ви благодарам што ми помогнавте да создадам сопствено семејство, тоа е неверојатен подарок. Најдобриот подарок досега!! Подготвена сум да и ја дадам на малата Ројс сета љубов што може да се замисли. Брзо учам… и многу почит до сите мајки! Горда што сум во вашиот клуб – изјави актерката.