Ново истражување откри дека жените кои лошо спијат се помалку мотивирани на работа

popara8 ноември, 20221min00
f_26819791_1280

Има многу работи кои можат да доведат до недостаток на мотивација на работното место, некои можеби и самите сте ги доживеале. Според новото истражување објавено во списанието Sex Roles, лошиот сон може да влијае на мотивацијата, повеќе кај жените отколку кај мажите.

Како спиењето влијае на мотивацијата?

За целите на оваа студија, истражувачите од Државниот универзитет во Вашингтон испитуваа како спиењето влијае на нашата способност да се стремиме кон повисок статус и поголема одговорност на работа. За да дознаат, испрашувале 135 работници секој ден во текот на две недели и барале од нив да откријат колку добро спиеле секоја вечер, како се чувствувале во текот на денот и колку се мотивирани да работат по завршувањето на работниот ден.

Интересно е што и мажите и жените имале и добри и лоши ноќи на спиење, но кај жените на мотивацијата на работа повеќе влијаеле промените во сонот.

И покрај тоа што нема разлика во квалитетот на сонот меѓу мажите и жените, резултатите покажаа дека мотивацијата на жените е повеќе погодена по лош сон отколку мажите.

– Кога жените добро ќе спијат и нивното расположение е подобро, поверојатно е дека тој ден ќе бидат насочени кон постигнување статус и одговорност на работа. Ако нивниот сон е лош и го намалува нивното позитивно расположение, забележавме дека тие се помалку ориентирани кон овие цели – изјавила Леа Шепард, шеф на студијата, за MindBodyGreen.

Поради оваа причина, велат истражувачите, важно е да се откријат механизмите на родовите разлики во влијанието на спиењето врз мотивацијата. Во моментов, можеме само да шпекулираме зошто жените се повеќе погодени, а истражувачите забележуваат дека тоа би можело да биде комбинација на родови разлики во регулирањето на емоциите и социјалните очекувања.

Сепак, една важна работа што жените можат да ја научат од оваа студија е дека квалитетниот сон може да доведе до подобра мотивација, и обратно.

Ако во последно време се чувствувате немотивирано и вашиот сон не е таков каков што треба да биде, можеби имате објаснување. И без разлика дали сте вработена жена или не, ова е само една од многуте причини квалитетниот сон да биде приоритет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma