Дозволете BeautyTok да ви покаже како лицето издувано од ветер може да изгледа шик. Имено, трендот на шминката наречен „ладно ми е“ доминира на TikTok во последните денови, а корисниците се обидуваат да ја добијат таа пригушена розова нијанса што луѓето со посветла кожа ја добиваат околу образите и носот откако ќе поминат одредено време на безмилосниот зимски ветар.
Станува збор за варијација на трендот „sunburn blush“ кој доминираше летово кај фанатиците за убавина, а иако на почетокот звучи остро, во реалноста изгледа многу ефективно и убаво.
@zoekimkenealy #greenscreen I think this is my favorite TikTok I’ve ever made even tho I felt so basic going outside and taking selfies with my Starbucks it was also the highlight of my day hehe it’s Makeup for serotonin feels and hallmark movie time! It’s the im cold it’s winter and the holidays and fall makeup look tutorial. #wintermakeup #fallmakeuplook #coldmakeup #maccosmetics #benefitcosmetics #makeupforever #wintermakeuplook
„Рименилото се врати и повеќе не е само за образите. Се сеќавате ли како ја гледавте мајка ви или баба ви како нанесува руменило на слепоочниците и над сенките за очи? Тоа е трендот на шминкање „ладно ми е“ во неговата срж“, објасни славниот шминкер Арон Пол. Бидејќи ќе изгледате како да сте шетале во снежна бура долго време, целиот изглед изгледа малку празнично и пригушено.
Ултра мат основата и завршницата се клучни затоа што никој не сјае во студеното зимско време. Познатиот шминкер Рене Лоиз сака да користи пудра што се размачкува, како и руменила во поладни тонови (розова, портокалова и бобинкаста боја). Можете да нанесете повеќе различни нијанси или да користите само една боја.
@ishraani attempting the “cold makeup” look… i live for blush so this look was just 👨🏻🍳💋 for me! #coldmakeup #fallmakeup
Кога нанесувате, почнете од центарот на образите и нанесете точки со помала четка за руменило нанадвор и нагоре. Потоа, лизгајте ја четката напред-назад низ лицето, внимавајќи да ги покриете и страните и врвот на носот. „Исто така, добро е да го нанесете истото руменило над капаците само еднаш за да ги споите зацрвенетите образи и носот“, вели шминкерот Челзи Гер.
Други корисници на TikTok открија дека сакаат да ставаат руменило и на горниот дел на усната, да фиксираат сè со пудра и сето тоа да го завршат со есенски кармин.
Методите може да варираат, но сè што треба да направите е да нанесете посвежо руменило над образите, носот, капаците и усната – колку повеќе, толку подобро. Сетирајте со мат пудра и додајте ги вашите омилени детали за врвен зимски изглед.