Познатата пејачка Шер конечно го покажа четири децении помладиот избраник, а првите фотографии го обиколија светот, поради што коментарите не престануваат.
Имено, легендарната Шер се најде во центарот на вниманието и на мета на коментари кога се шпекулираше дека е во врска со 42 години помлад маж. Станува збор за музичкиот продуцент Александар Едвардс, а романтичните гласини дополнително се разгореа откако беа видени како нежно се држат за рака.
Сега Шер (78) и Александар (36) првпат се фотографирани заедно пред ресторан, а накратко ги придружуваше неговиот пријател, раперот Тајга.
Парот шеташе насмеано низ улицата полна со минувачи и папараци и изгледаше дека не им пречеше премногу вниманието што го привлекоа кога ги видоа.
Шер, која може да се пофали со младешки изглед, за излегувањето избра црна комбинација, панталони и корсет кои го истакнаа нејзиното деколте, а над кои облече кратко сако.
Инаку, Александар е познат по врската со манекенката Амбер Роуз, со која раскина пред една година, откако таа го обвини дека ја изневерувал со 12 жени, што и самиот на крајот го призна. Двете ѕвезди го имаат тригодишниот син Слеш.