Почина легендата од „Хари Потер“: Одигра клучна улога во филмовите за “момчето кое преживеа”

popara8 ноември, 20221min00
leslie-phillips-harry-potter-830x0

Во суштина, нели неговата улога беше пресудна?

Актерот Лесли Филипс, најпознат по неговите фрази во филмовите „Carry On“ и „Harry Potter“, почина на 98-годишна возраст по долго боледување.

Тажната смрт на саканиот и искусен актер е потврдена од семејството. Лесли починал во понеделникот по долга борба со болест и два мозочни удари.

Британскиот актер е најпознат по улогата во филмот „Carry on“, но глумеше во десетици остварувања, меѓу кои и она за Хари Потер – го даде гласот на шеширот за сортирање, а неговиот палав тон остана врежан во сеќавањето на фановите. Во суштина, нели неговата улога беше пресудна – ако шеширот на Хари го сместише во Слитерин, неговата судбина ќе беше многу поинаква, а дури и самиот Хари беше свесен за тоа.

Филипс се борел и во Втората светска војна од 1943 година како потпоручник во Кралската артилерија.

Актерот првпат се појавил на сцената на Вест Енд кога имал 14 години.

Неговото последно појавување дојде осум децении подоцна, кога се појави како саканиот глас на шеширот за сортирање во „Хари Потер“.

Блескавата кариера на Филипс траеше повеќе од осум децении и глумеше во над 200 филмови, ТВ и радио серии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma