Чајот богат со витамини Ц и Е, калциум, каротин, танини, сапонини, бетулабин се прави од суви лисја и пупки од бреза.
Можеби сте навикнати да гледате редови брези во парковите и шеталиштата, но не ви паднало на памет дека поминувате покрај едно од најкорисните растенија.
Четириесет видови дрвја од фамилијата „Betulaceae“, од кои најраспространети на нашите простори се обичната или белата бреза, како и малата бреза, од 16 век се користат за ублажување на симптомите на многу болести, особено оние поврзани со мочниот канал. Делови од растението бреза кои можат да помогнат во ублажување на многу симптоми се лисјата, пупките и кората.
Се верува дека листовите е најдобро да се берат во пролет и да се сушат на темно и воздушно место, додека кората се собира во пролет и наесен. Пупките, кои се богати со есенцијално масло, и младите листови од бреза, може да се додадат во готвени јадења и салати. Од внатрешниот дел на кората се добива брашно од кое се меси леб и се прави каша. Исто така, брезата се додава на многу козметички препарати и се користи во фитотерапијата.
Добар сојузник на витката линија
Од сувите листови и пупки од бреза се прави чај богат со витамини Ц и Е, калциум, каротин, танини, сапонини, бетулабин… Неговата консумација се препорачува за проблеми како што се вишокот течности во телото, бидејќи може да го поттикне излачувањето на урината и да влијае на бактериски инфекции на уринарниот тракт.
Се верува дека брезата го чисти, зајакнува и подмладува телото и може да помогне во отстранувањето на киселините. Се смета дека е корисна и како помош во лекувањето на грип и настинки.
Се препорачува како помош при третманите за слабеење и отстранување на целулитот, а некои овој чај го користат и за ублажување на менструалните грчеви.
Чајот може да се користи и надворешно. Кога ќе се втрие во скалпот, може да помогне да се спречи појавата на првут и опаѓање на косата, а се вели дека миењето со чајот го подобрува тенот и лекува кожни болести.
Кој не треба да го пие
Луѓето со проблеми со срцето или бубрезите не треба да пијат чај од листови од бреза. Исто така, не се препорачува за бремени жени, доилки и луѓе кои се алергични на аспирин. Не треба да консумирате повеќе од три шолји чај дневно.
За жал, некои луѓе се алергични на поленот од бреза. Загрозени се оние кои веќе имаат орална алергија на друга храна, како што се моркови, пелин, целер, лешници, кикирики, соја, јаболка или некои зачини, пренесува веб-страницата „Хелти Ронин“.