„Како ТАА да го родила“: Еве како изгледаа Шакира и Пике во 1990 година, тој дете, таа веќе ЗРЕЛА девојка, малку БИЗAРНО

popara9 ноември, 20221min00
18266_profimedia-0149898554_f

Шакира и Жерар Пике важеа за еден од најхармоничните парови во шоу-бизнисот, а тајната на нивната хармонија можеби беше тоа што и двајцата се родени на ист ден, иако пејачката е 10 години постара од фудбалерот.

Убавата Колумбијка и атрактивниот Шпанец се родени на 2-ри февруари. Оваа година на тој ден таа наполни 45 години, а тој 35. Разликата во години е 10, но тоа може да се види само на оваа фотографија:

Славниот пар се запознал во Мадрид во 2010 година, за време на снимањето на спотот на Шакира за песната „Waka, Waka“, пред почетокот на Светското првенство. Веднаш меѓу нив се разгорела љубов, а набргу потоа започнале и врска.

– Таа е жената на мојот живот. Знаев штом ја видов првпат, таа е вистинската – често истакнуваше поранешниот шпански репрезентативец.

Наводното изневерување на Шакира од страна на Пике ја тресе јавноста со месеци.

Во јуни 2022 година, Шакира и Пике објавија дека се разведуваат по 12 години брак.

– Жал ни е да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нивната приватност – потенцираат тие во заедничката изјава за медиумите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma