Ни грам брашно или млеко: Најсочниот колач од портокал кој брзо се прави и ќе можете да јадете колку сакате!

popara9 ноември, 20221min00
335180_kolacodpomorandzeshutterstock-1890341308_ff

Класичните колачи на база на бисквити се секогаш добар избор, особено во комбинација со сочно овошје со силен вкус, како што се портокалите. Ако го избегнувате белото брашно поради глутенот или млекото поради неговите протеини или лактоза, постои многу поздрава алтернатива која може да биде уште повкусна!

Една од предностите на оние колачи е тоа што не мора ни да ги лупите портокалите, туку едноставно да ги сварите со што ќе го отстраните горчливиот вкус од кората. Наместо брашно, користете тајна состојка за неговата подготовка: мелени бадеми или, идеално, бадемово брашно, кое на овој десерт ќе му даде воздушен изглед и прекрасен вкус на јаткасто овошје.

Дополнително, ако сакате да го направите уште поздраво, наместо 230 грама шеќер, истурете 80-100 грама мед (најмалку шест ипол лажици) и ќе имате колач на чиј рецепт сите ќе се радуваат.

Состојки:

2 портокали со средна големина
1,5 лажички прашок за пециво
6 јајца
230 грама шеќер
300 грама мелени бадеми/брашно од бадеми

Подготовка:

Извадете ги јајцата да отстојат на собна температура најмалку два часа пред да го подготвите колачот.

Калапот обложете го со хартија за печење, а на дното посипете околу 50 грама мелени бадеми.

Портокалите измијте ги, па ставете ги во тенџере и прелијте со вода колку да ги покрие портокалите. Гответе на средна температура околу 40 минути, а ако испари водата додадете се додека не го покрие овошјето.

Потоа извадете ги портокалите и оставете ги да се изладат. Потоа исечете ги, извадете ги семките и ставете ги во блендер, па блендирајте додека смесата да добие текстура на џем.

Во длабок сад изматете ги јајцата и шеќерот со миксер додека не добиете густа смеса со светложолта боја. Во неа додадете ги изблендираните портокали и мелените бадеми, па сè убаво измешајте.

Истурете во калап и печете во рерна загреана на 180 степени. Колачот треба да се пече околу 45 минути, а се прави тест со чепкалка која треба да излезе целосно сува од колачот.

Кога ќе се излади украсете со парчиња портокал, рендана кора од портокал, шеќер во прав, мелени бадеми, семки од калинка, глазура од портокал или лимон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma