Ако сте сопственик на свиленкаста и тенка коса, тогаш добро знаете колку е тешко да се постигне волумен, особено во есен или зима.
И додека користењето тркалезна четка или сув шампон позитивно влијае на волуменот на тенката коса, балсамите и турбаните направени од фротир или микофибер за сушење имаат сосема спротивен ефект и ја прават да изгледа – уште потенок.
Фризури со шишки
Кај тенкото влакно важно е постоечката полнота да се користи за волумен, а не дополнително да се истенчува. Така, ’завесата’ или Биркин шишките, колку и да ни се привлечни и шик, во овој случај се контрапродуктивни. Ваквиот стил на крајот резултира со тенката коса да изгледа уште послаба и „посиромашна“, па затоа е подобро да побарате слоевита фризура која ќе и даде волумен и бујност.
Регенератори
Регенераторот е всушност клучен за нега, но може да обезбеди целосно губење на волуменот, особено ако косата е права и тенка. Има отежнувачки ефект и ќе ја „израмни“ тенката коса, па затоа треба да ставите само мала количина од производот на врвовите, а да избегнувате нанесување на корените во широк лак.
Турбани за сушење на косатa
Турбаните се одлична идеја по миењето бидејќи го олеснуваат процесот на сушење, но нивната тежина ја влече косата и ќе ја израмни пред да ја стилизирате. Тенката коса ќе биде натежната во коренот и воопшто нема да изгледа обемно. Наместо тоа, оставете ја да се исуши на воздух или исушете ја наопаку со фенот за сушење поставен на средна јачина, бидејќи така ќе изгледа уште побујно. На крајот ставете малку средство за волумен или многу малку мус.