Долго се чекаше помирувањето на Бредли Купер и Ирина Шајк. Манекенката и холивудскиот актер раскинаа по четири години љубов, а бидејќи деталите од врската, па дури и раѓањето на ќерката на Леа де Сена во 2017 година ги задржаа за себе, раскинаа тивко, без тешки зборови. Русинката зборуваше за раскинувањето само неколку месеци подоцна.
– Животот без него е сосема поинаков. Целиот мој свет се преврте наопаку. Мислам дека во секоја добра врска секој од нас го дава најдоброто од себе, но и најлошото – едноставно тоа е во природата да се биде човек. Двајца големи луѓе поединечно, не мора да бидат одлична двојка заедно – изјави еднаш Ирина.
Сепак, се чини дека поранешната двојка решила да ѝ даде уште една шанса на љубовта. Странските медиуми пренесуваат дека актерот и манекенката сакаат да имаат уште деца.
– Ирина би сакала нејзината ќерка да има брат или сестра и Бредли нема ништо против таа идеја – рекол изборот близок до Ирина и Бредли за странските таблоиди.
Иако се шпекулираше дека 47-годишниот Бредли излегува со блиската пријателка на Хилари Клинтон, Хума Абедин, се чини дека тоа не траеше.
Инаку, 36-годишната Ирина беше во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, а минатата година накратко ја поврзуваа со контроверзниот рапер Канје Вест откако тој се разведе од Ким Кардашијан.