Кралицата на попот, Мадона (64) ги изненади обожавателите на „TikTok“ кога се појави во долна облека и почна да тверка, бидејќи многумина веруваат дека отишла предалеку.
Фановите се загрижија кога го видоа изданието на Мадона.
– Ова не е Мадона што ја знам – напишал еден обожавател.
– Потребна е интервенција – отворено прокоментира друг од следбениците.
– Чувствувам дека се што сум знаел е само една голема лага. Ова ми ја скрши душата – додаде трет корисник.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Други напишаа работи како:
„Трепни ако ти треба помош“, „Сега почнуваш да ме плашиш!“ и „Мадона повеќе не постои… Немам поим која е таа личност“, „Најлошото е кога баба се обидува да биде секси“…
Некои фанови застанаа во одбрана на својата омилена пејачка и тврдеа дека Мадона треба и може да објавува што сака.
– Кажете што сакате за Мадона, но таа е легенда – искоментира еден верен обожавател.
– Мадона отсекогаш била контроверзна. Зошто сите мислевте дека ќе се промени со возраста? – праша еден.