ИНТЕРЕСНИ НАЧИНИ како да направите вашата девојка да се чувствува убаво и ПОСЕБНО!

popara9 ноември, 20221min00
Screenshot_1

Во секоја врска постои момент кога партнерот чувствува многу притисок обидувајќи се да ја натера својата партнерка да се чувствува ценето и сакано. Секој партнер кој сака успешна врска се обидува да ја одржи љубовната искра и нивото на среќа и возбуда како на почетокот на романсата.

 

 

 

Некои мажи веруваат дека со скапите луксузни подароци ќе го „купат“ ова чувство, но дел од нив сакаат да ја покажат романтичната страна на љубовта на малку пообичен начин. Начини за кои не е потребно да отидете во минус на картичката.

 

Но, токму тоа функционира многу повеќе кај силните жени кои умеат да ги ценат малите гестови.

 

Всушност, ова се само неколку начини како да ја натерате жената да се чувствува сакана и почитувана во врската, без разлика дали сте заедно 5 месеци или 5 години:

 

  1. Испратете ѝ неколку романтични пораки во текот на денот, без некој специјален повод или причина.

 

  1. Посакајте ѝ среќа и честитајте ѝ од срце пред и по некој важен настан во нејзиниот живот, како дипломирање, вработување или унапредување.

 

  1. Одвојте време во неделата за „специјален романтичен состанок“ во кој ќе си посветите време еден на друг подалеку од мобилните телефони и компјутерите.

 

  1. Секогаш вклучувајте ја во своите планови и консултирајте ја во врска со одлуките кои ги носите.

 

  1. Поканете ја на семеен ручек, родендени и покажете ѝ колку сакате да е дел од вашата фамилија.

 

  1. Згответе домашен оброк со кој ќе ја изненадите. Нејзиното омилено јадење е секогаш одлична идеја.

 

  1. Пронајдете тв-серија која ќе ја гледате заедно и во која подеднакво двајцата ќе уживате, нешто што ќе биде „ваше“.

 

  1. Испратете ѝ цвеќе на работа или на домашната адреса без повод.

 

  1. Кажете ѝ колку многу ви значи во најнеочекуваниот момент.

 

  1. Понекогаш поканете ја на излегување со вашето машко друштво.

 

  1. Споделувајте песни кои ве потсетуваат и ви асоцираат на неа и вашата љубов.

 

  1. Кажете ѝ дека е убава, дури и кога е настината или за време на „оној период од месецот“ од кој секоја жена се ужаснува од болки и непријатност.

 

  1. Смејте се на нејзините лоши шеги, без разлика колку и да се лоши и колку и да е очаен нејзиниот начин на раскажување вицеви.

 

  1. Покажете ѝ или раскажете ѝ зошто некои места од минатото ви се особено важни и што точно ви значеле во детството.

 

  1. Запознајте ја со вашите баба и дедо.

 

  1. Дадете ѝ до знаење дека нема потреба за грижа кога станува збор за вас и вашата љубов и лојалност.

 

  1. Зачинете го сексуалниот живот испробувајќи нови работи со неа.

 

  1. Направете мал фото-албум со вашите најубави заеднички моменти.

 

  1. Играјте си со нејзината коса или галете ја додека гледате филм.

 

  1. Напишете ѝ љубовно писмо на рака, не на компјутер.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma