Од многу техники на отстранување на дамките од шминка ви ги претставуваме најефикасните.
МЕДИЦИНСКИ АЛКОХОЛ
Ефикасен е за дамки од кармин на кошулата или ракавите. Натопете ја дамката со медицински алкохол, а потоа ставете ја облеката во машината за перење. Дамката не треба да ја триете, доволно е да ја натопите во медицинскиот алкохол.
ДЕТЕРГЕНТ ЗА САДОВИ
Детергент за садови е идеален отстранувач на дамки, бидејќи ги отстранува маснотиите. Ова е ефикасен начин брзо да ги отстраните дамките од шминката од вашата омилена кошула или фустан.
ЛАК ЗА КОСА
Потребно е да ја испрскате ткаенината со лак за коса и да ја ставите облеката во машина за перење и дамката ќе исчезне.