Тешко е постојано да се следат сите лажни информации кои постојано кружат и кажуваат што е добро, а што не е добро за јадење. Но, како би можеле да знаете што од тоа е вистина, а што мит? Со оглед на тоа што здравјето е навистина важно, изненадувачки е тоа колку малку знаеме за храната што ја јадеме.
За среќа, голем дел од оние митови кои постојано кружат сега се разрешени. Ви ги нудиме најпознатите.
1 мит: Кожата од пилешкото е лоша за здравјето.
Само затоа што е мрсна и вкусна, голем дел од луѓето веруваат дека кожата од пилешкото е лоша за здравјето на човекот. Сепак, митот оди против науката која вели дека всушност кожата е 55% мононезаситени масти кои не му штетат на срцето.
2 мит: Избегнувајте го млекото.
Иако има високо ниво на масти, пиењето на полномасно млеко е поврзано со намалување на ризикот од срцеви заболувања.
3 мит: Вашето тело комуницира со вас преку вашите желби за храна.
Нормално, кога сакаме нешто ние мислиме дека тоа му е потребно на нашето тело поради недостатокот, меѓутоа овие желби најмногу се поврзуваат со нашата емоционална состојба.
4 мит: Потребни ви се повеќе влакна
Да, влакната се важни, меѓутоа не треба постојано да јадеме јогурт и житарици со цел да ја добиеме дневната доза. Храната која ја јадеме редовно е доволна.
5 мит: Морската сол е поздрава од обичната сол
Ова е лага – иако не е обработена, се`уште ја има истата количина на натриум.
6 мит: Вагата е најдобар начин за да проверка на загубата на килограми
Кога некои луѓе ќе започнат да вежбаат за да изгубат килограми и да добијат мускули, тие се разочаруваат кога ќе ја видат нивната килажа на вагата. Мускулите тежат повеќе од мастите, па затоа вагата не е најверодостојниот показател.
7 мит: Лушпата на компирот ги содржи сите хранливи материи.
Да, лушпата на компирот содржи витамини, но само 20% од севкупниот број на хранливи материи во компирот. Решение: изедете го цел.
8 мит: Јадењето моркови го подобрува видот.
Каротенот може да помогне во одржување на видот, меѓутоа не е вистина дека ќе ви го направи подобар видот.
9 мит: Производот без масти е многу поздрав
Проблемот со многу вакви производи е дека додека мастите се отстранети, овие производи често содржат многу шеќер, што не е баш најздравата алтернатива.
10 мит: Микробрановата ги уништува хранливите материи
Ова воопшто не е точно. Микробрановите немаат никакво влијание врз хранливите материи.
11 мит: За да изгубите еден килограм, треба да согорите 3.500 калории
Иако не е технички неточно, постојат премногу варијабли низ кои ќе мора да поминете за да добиете точна пресметка, особено со оглед на тоа што е навистина тешко да се пресмета колку масти има во еден килограми.
12 мит: Човек е поздрав доколку не внесува глутен
Доколку не сте чувствителни на глутен, тогаш со откажувањето од глутенот нема многу да постигнете.
13 мит: Сирупот со висока фруктоза е најлошото нешто во светот.
Иако се крена прилично голема паника за тоа колку е подобар шеќерот од сирупот со висока фруктоза, всушност тие содржат иста количина на глукоза и фруктоза. И двете се нездрави за консумирање во голема количина, така што, прилично се исти.