ДА НЕМАТЕ СЛАМА НА ГЛАВАТА Еве колку често можете да ја фарбате косата без да ја оштетите

popara9 ноември, 20221min00
Screenshot_7

Многу девојки ја бојат косата редовно, но не внимаваат или не знаат како да го задржат квалитетот на косата. Врвни експерти за коса советуваат како да се одржи квалитетот на косата при фарбање.

 

 

 

Доколку вашите врвови се нездрави нема да добиете убава боја, ќе има недостаток на сјај, сјајот е затворена кутикула која ја одбива светлината од себе.

За почеток, важни компоненти на косата се протеини, вода и липиди.

 

Постојат неколку фактори што треба да се земат предвид при фарбање на косата:

-почетна основа (боја), дали косата е претходно обоена или природна;

-чувствителност, дебелина и еластичност на косата;

-желба на клиентот и реални можности;

-дополнителна нега на коса.

 

Почетна основа (боја)

полесно да се работи со природна коса, но ако косата претходно е обоена, тогаш ни треба подетална консултација: која била последната боја, колку често се фарба и секако, каков е квалитетот на косата.

 

Важен чекор е тестирање на бојата на еден прамен, така добивате реална слика за исходот од фарбањето.

 

Избор на бои и нијанси е исто важен чекор, боите можат да бидат: трајни и полу-трајни (нијансирање).

Ако се фарбаме со трајна боја, треба да разбереме дека амонијакот или моноетаноламин ја отвора кутикулата на косата. Во зависност од волуменот, тој „избива“, односно го оксидира природниот пигмент и создава простор за вештачки пигмент (бојата што ќе ја изберете), а потоа вештачкиот пигмент „влегува“ во празните места. Сето тоа се случува во структурата на косата. Најважната задача е да не предизвикате оштетување, за ова се препорачува да изберете боја со малку амонијак.

 

Полу-трајните бои, обезбедуваат трајност на бојата за еден месец, се користат за да постигнеме сјај, освежување на претходно изветвена или обоена коса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma