Режисерто на „Black Panther: Wakanda Forever“ објасни колку морал да се промени филмот по смртта на Чедвик Бозман

popara10 ноември, 20221min00
tan2020-6-81431134414-830x0

Чедвик Бозман, актерот кој се прослави со улогата во филмот „Black Panther“, почина во 2020 година. Во тој филм, тој го играше кралот Т’Чала, водач на измислената африканска нација Ваканда. Продолжението на тој филм, Black Panther: Wakanda Forever, ќе се појави во кината ширум светот наскоро, а режисерот Рајан Куглер откри како се променила приказната по смртта на Бозман.

– Секој ден го носевме во нашите срца. Секој ден зборувавме за него. Од наша перспектива, тој беше таму. Благодарен сум што успеав да го снимам овој филм. Веќе изгубив луѓе кога не можев да му покажам на светот како се чувствувам. Работата на овој филм ми ја даде таа можност. И не сакав да го пропуштам – објасни Куглер.

Тој рече дека никогаш не размислувале да ја дадат улогата на Бозман на друг актер.

– Кога го загубивме Чед, филмот мораше да се смени за да продолжиме да работиме, но без ликот што го играше. Тоа беше одлуката што ја донесовме. И така филмот стана приказна за полнолетство – продолжи Куглер.

Инаку, филмот започнува со смртта на Т’Чала од непозната болест.

Во тој контекст, тој истакна дека е променета улогата на британската актерка Летиција Рајт, која ја игра помладата сестра на Т’Чала, Шури, а чија улога во „Црниот пантер: Ваканда засекогаш“ е проширена. Покрај тоа, Кулгер и се заблагодари на „феноменалната“ Ријана што работела на филмот. Таа придонесе за филмот со песната „Lift Me Up“, првиот сингл по шестгодишна пауза.

– Нормално, не сум директно вклучен во создавањето на музиката, но соработката со Ријана е остварување на моите соништа. Тоа беше совршен начин да му се оддаде почит на Чед, а истовремено да ѝ се даде нешто на публиката – заклучил режисерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma