Изгледа дека ништо не може да ја замени природната нега
Азиската култура е позната по честото користење ориз. Оваа житарка се смета за симбол на жената и плодноста кај нив.
Но придобивките од оризот не се само од нутритивна природа. Азиските жени долго го користат и за нега на косата, односно за да го поттикнат нејзиното растење, сјај и здравје.
Станува збор за метод на измивање на косата со вода во која претходно отстоил ориз.
Оризовата вода е преполна со антиоксиданси, минерали, витамини Б и Е, како и аминокиселини, кои заедно се одлична комбинација за здравје, убавина и квалитет на косата.
Азијките тврдат дека оризовата вода ги има следниве дејства на косата:
- Ја зголемува еластичноста и го спречува кршењето на влакната
- Го подобрува сјајот
- Помага за полесно расчешлување
- Влијае врз побрз раст
- Ги зајакнува влакната
Многу жени го испробале овој метод и ги споделиле своите искуства на Интернет по првото користење.
Процесот на измивање на косата со оризова вода и сличен на користењето која било друга маска за коса, но потребно е помалку време.
Прво, треба да направите оризова вода. Измијте шолја ориз со вода, па потопете го во две-три шолји чиста вода и оставете го да стои 30 минути. Процедете ја оризовата вода во чист сад.
Измијте ја косата на вообичаениот начин, а потоа сипете ја оризовата вода на целата коса и втријте ја во скалпот. Оставете ја да стои 20 минути, а потоа измијте ја со топла вода.
Уште две одлични употреби на оризова вода
Спречете го стареењето на кожата
Неколку истражувања потврдиле дека оризовата вода може да го забави стареењето на кожата на лицето. Наводно, спречува појава на нови брчки и ги ублажува постоечките. Исто така, помага за иритации на кожата. Користете оризова вода како тоник по чистењето на лицето или едноставно мијте го со неа.
Најдобро ѓубриво за билки
Скробот што се ослободува од оризот во водата го поттикнува развојот на добри бактерии во земјата во која сте насадиле растенија, а витамините, минералите и антиоксидансите во неа, поволно влијаат врз побрз и поквалитетен раст и развој на билките и поголема отпорност на болести.