ЏЕНИФЕР АНИСТОН ГО ПРИЗНА ОНА ЗА ШТО МОЛЧЕШЕ СО ГОДИНИ: БЕШЕ ТЕШКО, ПРАВЕВ СЀ само за да забременам (ФОТО)

popara10 ноември, 20221min00
Screenshot_2

Годините и годините на шпекулации за потенцијалните причини зошто Џенифер Анистон не сакала или не можела да има деца конечно завршија, бидејќи саканото лице на серијата „Пријатели“ реши да ги прекине гласините.

 

 

 

Имено, Џенифер си ја отвори душата во никогаш поискрено интервју за „Allure“ и јавно проговори за борбата за потомство.

 

Оваа 53-годишна актерка, како што вели, жали што не направила нешто во врска со тоа на време, а кога било предоцна, очајно се обидела да добие дете преку ин витро, но безуспешно. Кога врвните лекари и разните терапии и „пропаднале“, Џенифер се свртела кон алтернативна медицина. Во надеж дека ќе се случи „чудо“, признава таа, пиела разни кинески чаеви.

„Се обидував да забременам и тоа беше навистина голем предизвик за мене. Сите тие години, и години и години на шпекулации… Беше многу тешко. Бев на ИВФ, пиев кинески чаеви… Правев се само да забременам“, изјавила никогаш поискрената Џенифер Анистон и додала дека жали што никој не ја советувал да замрзне јајни клетки кога била помлада. Денес, вели таа, е свесна дека никогаш нема да има дете.

 

„Ќе дадев сè ако некој тогаш ми речеше: ‘Замрзние јајни клетки. Направи си услуга’. Едноставно не размислувате за тоа на таа возраст, затоа сум таму каде што сум денес. Мојот брод исплови.

Во понатамошниот разговор за споменатиот магазин, Анистон се осврнала на гласините кои и денес кружат низ медиумите, а се тесно поврзани со пропаѓањето на нејзините бракови.

 

„Тие рекоа дека размислувам само за кариерата, па, Боже, прости ми што жената е успешна и дека нема дете. А причината зошто мојот сопруг ме остави, зошто го прекинавме бракот, беше затоа што јас „не сакам да му родам дете’! Тоа беа лагите што ги слушав, а денес немам што да кријам!“

На самиот крај од разговорот, актерката истакнала дека има намера да напише книга за нејзината борба за потомство, со цел да им помогне на другите жени кои поминуваат низ ист или сличен проблем.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma