ОВА СЕ НАЈЛОШИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

popara10 ноември, 20221min00
Screenshot_3

Секој знак си има лоши и добри страни. Оние кои имаат поголемо познавање од астрологијата, сигурно се запознаени со основните карактеристики на знаците – Биковите се мрзливи, Раковите се со променливо расположение и слично. Но, како се поврзани добрите и лошите особини на секој знак? Се разбира не можете секогаш да бидете најдобрата верзија од себе, но можете да се обидете овие „негативни“ карактеристики да ги употребите за ваше добро. Погледнете како да го направите тоа.

 

 

 

 

 

Овен

Најлошото нешто кај Овните е нивното детинесто однесување. Тие се склони кон незрело однесување, но ова доаѓа од нивната невиност и недоволното искуство во справување со работите „како што треба“. Природата на Овните е освежувачка и полна со енергија бидејќи тие го искусуваат светот со отворени очи и срце. За да го извлечете најдоброто од оваа енергија, слушајте го вашето внатрешно дете и откријте што го повредува или му помага. Некои луѓе едвај паметат какви биле како деца, но Овните секогаш остануваат во контакт со тоа невино и чисто место во нивното срце. Слушајте го гласот во вас кој е во хармонија со вашите неискажани потреби и почнете да им помагате и на другите.

 

Бик

Најлошата особина на Биковите е нивната тврдоглавост. Бикот е знак кој е посветен на својата безбедност и својот начин на живот и тој не сака кога луѓето го променуваат тоа. Биковите тешко се разделуваат со нештата, и физички и емоционално, бидејќи се премногу исплашени од промената. Токму од овде произлегува нивната тврдоглавост, но ова ги прави и многу лојални. За да го извлечете најдоброто од оваа карактеристика, осигурете се дека сè за коешто сте приврзани ви е од некаква корист. Дали тоа е она што навистина го сакате? Немојте да се ограничувате.

 

Близнаци

Секогаш кога ќе се соочат со конфликт или некоја негативност, првиот инстинкт на Близнаците е да избегаат и да најдат поопуштена средина. Тие сакаат да предизвикуваат неволји, но кога некој ќе ги обвини за тоа, тие ќе бегаат и ќе ја избегнуваат ситуацијата на секој можен начин. Подобрете го квалитетот на вашите мисли и активности. Немојте да ја користите својата ментална способност за озборување или за неважни разговори. Искористете ја вашата енергија за истражување, читање и учење. Вашата љубопитност можете да ја искористите без да ги повредувате другите.

 

Рак

Раковите се премногу нежни и кршливи. Тие се потресуваат дури и од најмалата промена. Нивното расположение може да се промени многу брзо. Но, оваа чувствителност е и силната страна на Раковите. Ако научите да ја слушате вашата интуиција, вие ќе го извлечете најдоброто од неа. Раковите не можат да ги игнорираат своите емоции и ги чувствуваат многу интензивно. Следете го својот инстинкт. Вашиот остар ум често поминува незабележан, но тој потекнува од вашата способност за „предвидување“.

 

Лав

Најлошата особина на Лавовите е нивната гордост. Тие се во хармонија со нивното его и со улогата што ја играат. Лавовите го гледаат светот како сцена на која тие се ѕвездите – сè се врти околу нив. Кога нешто не оди по планот, Лавовите чувствуваат срам или гнев кои доаѓаат од нивното его и нивната гордост. Штом ќе сфатат дека тие сепак не се единствената ѕвезда на небото, Лавовите мора да пронајдат нешто што ќе ги направи посебни, но истовремено ќе ја почитува уникатноста и на другите. Важно е да сфатите дека некои луѓе се подобри од вас, некои пак ги имаат истите таленти, но тоа не значи дека и вие не сте доволно добри. Споделувајте ја вашата уникатност и помогнете им и на другите да заблескаат.

 

Девица

Девиците претерано размислуваат. Тие заглавуваат во можни ситуации, детали и мисли, па дури стануваат и бескорисни. Стресот и анксиозноста ги парализираат и го замаглуваат нивниот логички ум. Ова е лошо бидејќи Девиците лесно забележуваат детали и можат да го решат речиси секој проблем. За правилно да го искористите ова претерано размислување, вклучувајте се во проекти кои бараат анализирање. На светот му е потребен вашиот талент и искористете го без да се чувствувате лошо. Обидете се да не размислувате за работите кои не можете да ги контролирате (како на пример иднината). Фокусирајте се само на едно нешто и обидете се да размислувате позитивно.

 

Вага

На Вагите им е тешко да одберат страна. Тие сакаат мир и хармонија и ги мразат расправите. Вагите сакаат да бидат пријатели со сите и не сакаат да создаваат непријатели. Тие ја гледаат ситуацијата од сите страни и се обидуваат да најдат „златна средина“. Но, не може секогаш да биде така. Најдобро е секогаш да ја следите правдата. Бидете искрени, транспарентни и следете го вашиот сон да го направите светот подобро место.

 

Скорпија

Најлошата особина на Скорпиите е нивната опсесивност. Тие ќе се „закачат“ за некоја идеја, личност или врска и ќе истрошат многу енергија на тоа. Проблемите почнуваат кога Скорпиите ќе се приврзат за нешто што не е нивно, или кога ја вложуваат енергијата во нешто што не е во ред. Другите не ја разбираат посветеноста која ја поседува вашата душа. Искористете го ова за некој или нешто што нав истина го заслужува вашето внимание. Понекогаш таа личност сте вие. Посветете го вашето внимание на вас. Пронајдете нешто што ќе ве направи поздрава и посреќна личност.

 

Стрелец

На Стрелците им е навистина тешко да одберат некој пат. Тие ги сакаат разновидноста и авантурите, па поради ова се растргнати на сите страни. Тие не сакаат да одат по еден пат, бидејќи постојано мислат и на другите. Она што треба да го сфатите е дека не постои „погрешен“ избор, вашиот живот ќе се одвива како што треба без разлика по кој пат се движите. За да се справите со вашата неодлучност, пробајте неколку разни начини, но на крај држете се до еден. Секогаш ќе ги имате сеќавањата и лекциите од вашите авантури. Понекогаш е потребно да му се посветите на нешто подолго од една недела.

 

Јарец

Јарците се затворени, перфекционисти и критичари. Тие се заштитуваат од работи кои им го одвлекуваат вниманието, но и од други луѓе. Тие мислат дека сè се наоѓа на нивните рамена и не сакаат да побараат помош бидејќи тоа е знак за неуспех. Но, ова е нивната силна страна бидејќи тие му пристапуваат на секој проблем со искуство. Искористете го ова така што ќе помогнете некому кому навистина му е потребна вашата помош. Можеби сметате дека сите ве гледаат како неуништливи, но сепак и вие сте само луѓе. Вашата способност за водење и одговорност се инспиративни, а многу луѓе ви се воодушевуваат. Но понекогаш дозволете им на другите да ви помогнат бидејќи вие не сте робот.

 

Водолија

Водолиите знаат да се изолираат од другите, па дури и од најблиските пријатели. Тие сметаат дека нивните проблеми се уникатни и дека никој нема да ги разбере, но се лажат. Споделете ја вашата визија со светот. На овој начин ќе разгледате и други мислења и перспективи. Вие ги разбирате потребите на светот и на луѓето, па поради ова вие сте хуманитарците во зодијакот. Важно е да знаете дека не можете сè да направите сами. Ќе постигнете многу ако ги споделите вашите идеи и со некој друг.

 

Риби

Рибите се ментални жртви. Изгледа како постојано да им се случува нешто, а тие немаат контрола врз тоа. Ова произлегува од нивната пасивност, која пак придонесува за нивната чувствителна природа. Искористете го вашето меко срце за добро. Лесно е да бидете жртва, особено кога ги чувствувате работите 15 пати посилно од другите, но ова ја менува одговорноста. Откријте ги вашите слаби страни и работете на тоа. Штом ќе го надминат нивното его, Рибите можат да ги лекуваат и другите и себе, и конечно ќе го пронајдат својот мир.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma