Долготрајниот брак со љубов е важен фактор во животот на многу луѓе, но има хороскопски знаци кои имаат поголеми шанси за развод од другите.
Ако сте родени во еден од овие 5 хороскопски знаци, размислете добро пред да се одлучите за брак бидејќи имате поголеми шанси за развод од другите хороскопски знаци.
Близнаци
Променливите Близнаци еден ден сакаат едно нешто, а другиот нешто сосема друго, па на оваа листа се најдоа со причина бидејќи со нив никогаш не се знае. Исто така, имаат тенденција да ги идеализираат своите партнери, па лесно можат да се разочараат од нив.
Водолија
Ја сакаат својата независност и најдобро се чувствуваат кога се сами. Ако се чувствуваат ограничено во врската или бракот, голема е веројатноста дека ќе раскинат или ќе поднесат барање за развод бидејќи нивната слобода е на прво место.
Јарец
За разлика од Близнаците и Водолиите, Јарците обично не се тие што бараат развод, туку најчесто тоа го посакуваат нивните сопружници. Имено, луѓето родени во овој знак се обидуваат да ги импресионираат партнерите додека не го добијат она што го сакаат, а тоа најчесто е брак, а потоа престануваат да се трудат.
Стрелец
Стрелците обожаваат флерт и не можат да се воздржат од него дури и кога се во брак, што секако на нивните сопружници воопшто не им се допаѓа, па по некое време се разведуваат. Ретки се оние кои можат да издржат во брак со типични претставници на овој знак.
Шкорпија
Исто како и Стрелците, Шкорпиите не пропуштаат прилика да флертуваат и имаат тенденција да ги изневеруваат своите партнери. Покрај тоа, тие се многу љубоморни и посесивни во бракот или врската, што ретко кој може долго да го издржи.