Актерот Метју Пери последните недели ги полни медиумските колумни поради неговата книга „Friends, Lovers and The Big Terrible Thing“ во која презентираше многу интересни детали од приватниот живот. Сега Елизабет Харли, која глумеше со него во филмот „Serving Sara“ од 2002 година, зборуваше за неговата книга.
„Всушност, сè уште ја немам прочитано книгата, но прочитав делови од неа. Тоа е доста интересно. Тој е многу смешен автор, како и многу смешен човек. Тој е неверојатно надарен комичар, неговата работа со зборови е фантастична“, изјави актерката за Yahoo Entertainment.
„Имам многу убави спомени од него. Да бидам искрена, тој беше кошмар за работа во тоа време и, како што е сега познато, нашиот филм беше затворен поради неговата зависност. Бевме во виша сила и сите моравме малку да седиме дома и да ги вртиме палците. Беше тешко, очигледно минуваше низ тешки времиња, но сепак беше многу шармантен и убава личност. Но, можеше да се види дека тој страда“, додаде таа.
Инаку, Метју Пери отсекогаш отворено зборувал за својата борба со зависноста од алкохол и дрога, а во својата книга неодамна откри уште еден сосема бизарен детал од приватниот живот. Имено, тој се пожалил дека му испаднале забите откако каснал парче тост намачкан со путер од кикирики.
„Гризнав парче тост со путер од кикирики и ми испаднаа сите горни заби. Да, сите. Одењето на стоматолог беше многу брзо – се уште сум актер и треба да ги имам сите заби во устата, а не да ги носам во торба во џебот од фармерките“, напиша тој и додаде:
„Но, се случи катастрофа и беше потребна голема работа. Стоматологот мораше да го извади секој заб – вклучувајќи ги и имплантите што ми беа заглавени во вилицата – и потоа сите да ги замени со нови.
Немилиот инцидент се случил пред снимањето на специјалната емисија на повторното обединување на актерите од „Friends“, а многумина тогаш се запрашаа зошто комичниот „Чендлер“ зборува нејасно.