ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ НАРЦИСИ: Заљубени се во себе до уши!

popara24 јули, 20241min00
Screenshot_15

Ако некогаш сте си имале работа со нарцис, веројатно не сакате тоа искуство повторно да го доживеете. Ако не сте имале такво искуство, тогаш е најдобро е да го избегнете.

 

 

 

Не сите луѓе родени во овие знаци се нарциси, но припадниците на овие знаци покажуваат многу особини на нарцис, пишува Your Tango.

 

Бик

Понекогаш Биковите веруваат дека се подобри од сите останати и дека заслужуваат многу повеќе. Имаат недостиг од емпатија бидејќи ако нешто не им се случува ним, немаат потреба да размислуваат за тоа. Многу се тврдоглави и секогаш сакаат да биде по нивно.

 

Имаат проблеми со лутината, но Биковите исто така се мајстори во манипулирање и знаат да бидат плитки и материјалисти.

 

Лав

Толку се полни со себе така што не е тешко да се заклучи дека Лавовите се голем нарциси. Уверени се дека светот се врти околу нив и дека тоа така ќе остане без разлика што и да прават. Иако делуваат полни со самодоверба, во себе се несигурни, што е и карактеристика на нарциси.

 

Скорпија

Ако се чувствуваат добро, Скорпиите не покажуваат знаци на нарцис, но ако некој ги издаде или повреди, веднаш се фокусираат на одмазда и нема да им биде грижа кого сè ќе повредат. Нивната одмазда е пресметана и ладнокрвна, а понекогаш ги искористуваат другите за да дојдат до целта, без да гледаат нешто погрешно во тоа.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma